Промени тема
Контакт

Меџити и објаснувал на Агелер како Македонија нема да се гуши во загаден воздух, а го затвориле и прашањето дека тие се легитимен партнер во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
448954525_1001918517980066_3446002381081976987_n

Изет Меџити, заменик на претседателот на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, оствари средба со Нејзината Екселенција, Амбасадорот на САД во РС Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.

„На средбата ги истакнав клучните приоритети и стратешки определби на новата влада. Ја уверив Амбасадорката дека како владеачко мнозинство, остануваме и понатаму максимално посветени на продлабочување на меѓусебните односи со нашиот најголем стратешки партнер и силен сојузник – Соединетите Американски Држави.

Ја уверив Амбасадорката, нејзината екселенција Ангела Агелер, дека за нас евроатлантската определба и полноправното членство во Европската Унија остануваат врвен приоритет.

Како прв Заменик на Претседателот на Владата, на средбата изразив искрена благодарност за поддршката и безрезервната помош која САД во континуитет ја пружаат во насока на реформирање ена институциите и зацврстување на демократските капацитети и демократскиот амбиент во нашата држава. Заеднички се согласивме дека се потребни резултати во борбата против политичката корупција која е навлезена длабоку во порите на многу институции. Испораката на правдата мора да биде неселективна и согласно највисоките стандарди на владеење на правото. За да се случи ова, потребни се реформи во правосудниот систем и Владата е решителна оваа борба да ја спроведе до крај.

— реклама —

Заедно се согласивме дека за прашањето на политичкиот легитимитет на новата Влада е затворено прашање. Периодот пред нас ќе биде искористен за спроведување на успешна транзиција и консолидирање на институциите во државата. Во овој процес е од исклучително значење поддршката на меѓународните партнери, пред се на Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Како Министер за животна средина и просторно планирање, ја информирав Амбасадорката за клучните приоритети на Министерството кое го предводам во насока на безкомпромисната борба со загадувачите на амбиенталниот воздух, согласно највисоките европски стандарди и во рамки на планот за чист воздух.

Заеднички ќе се посветиме на градење на обновливи извори на енергија кои што ќе обезбедат повисоки еколошки стандарди. Истакнав дека, како млада држава, имаме потреба од добри искуства и споделување и размена на знаења во оваа насока. Од Амбасадорката побарав помош во нашите напори за подобрување на државните политики во насока на здравата животна средина.

— реклама —

На крај, уште еднаш го уверив нашиот стратешки партнер дека високо ги цениме сите досегашни инвестиции од САД, како економски, така и во насока на подигање на капацитетот на институциите и општествениот демократски развој.

Остануваме сигурен гарантор дека Република Северна Македонија ќе остане на стратешкиот курс“, објави Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања