Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Меџити: Нема да гласам за новата Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
izet-medziti

Никој од „огнените“ не сака да биде дел од Владата, рече потпретседателот на ДУИ кој е дел Изет Меџити, во синоќешното гостување на ТВ 24.

Потенцираше дека „огнените“ не сакаат да ја состават Владата, туку само оти кажуваат дека овие што се сега во неа немаат сработено, неуспешни се и арогантни и треба да се заменат.

— реклама —

- Нашата заложба е да го вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група – додава Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.

Дополни дека, доколку „огнените“ се исклучени од ДУИ, не е отфрлена опција тие да формираат нова партија.

— реклама —

- Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи - објасни Меџити

— реклама —

Според него, заложба на „огнената група“ е да го врати ДУИ на правиот пат, и појасни дека комуницираат со претседателот Али Ахмети, но не се разбираат.

- Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме. Кога има волја, има 100 начини за компромис. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата за една година е само за инает и да се заќути ‘огнената група’. Тоа само повеќе ќе и наштети на ДУИ отколку на нас - појаснуваше Меџити

Според него, место за компромис со останување на Артан Груби во Владата.

- Ако некој не праша, тој треба да се исклучи целосно и од ДУИ. Ваква штета во ДУИ нема направено никој за 20 години - рече Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library83ft6nla9eqk5gk2wVG

Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Македонија | пред 10 месеци

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Свет | пред 10 месеци

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања