Промени тема
Контакт

Меџити се сретна со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија: Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
izet-medziti-sredba

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.

Меџити му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Република Северна Македонија.

„Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот "ЕУ за чист воздух“ е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја“, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.

— реклама —

— реклама —

Преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.

„Овој проект е од исклучителна важност, бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина истриски загадена со штетни органски материи“, изјави Меџити.

— реклама —

Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер на средбата со Меџити изјави дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

izet-medziti

Победа за жителите на Страчинце – стопирана дозволата за каменолом

Скопје | пред 11 месец

— реклама —
izet-medziti

Меџити: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Македонија | пред 1 година

cop-29-1

Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања