„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryktufbblcs0ko3UxNEbC

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс – таа е “живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање.

— реклама —

Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и срцето на Општина Чаир. Наша должност е не само да го сочуваме овој бесценет бисер, туку и да го издигнеме на ниво на врвна европска туристичка атракција, препознатлива во целиот регион. Нашата визија е Чаршијата да стане просперитетен центар на културата, туризмот и економијата. – изјави Меџити.


Програмата на Изет Меџити за преродбата на Старата чаршија опфаќа пет
клучни развојни чекори:

— реклама —

1.КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ СЈАЈ
-Реставрација на калдрмите: Целосна конзервација на улиците „Сарачка“, „Папучиска“, „Петар Михов“, „Самарџиска“ и дел од „Ковачка“. Проектот е
одобрен од Владата и се реализира во 2025 година. -Обнова на фасадите: Продолжуваме со обнова на фасадите на сите преостанати дуќани, зачувувајќи го автентичниот изглед и претворајќи ја Чаршијата во вистинска европска атракција.
-Модерно улично осветлување: Инвестираме во нова мрежа за осветлување за
да ја зголемиме безбедноста и да ја истакнеме убавината на Чаршијата во
вечерните часови.

2. ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗА МОДЕРЕН ТУРИЗАМ
-Паметни инфо-табли: Поставуваме интерактивни табли на клучните точки –
Плоштад Скендербег, Старата Чаршија, Бит Пазар. Тие ќе нудат информации
во реално време и бесплатен Wi-Fi за сите посетители.
-"Дигитална Чаршија“: Креираме виртуелен музеј и мобилна апликација која
ќе служи како модерен дигитален водич со интерактивни мапи и историски
податоци за секој објект.

3. СТАНДАРДИ ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ
-Изградба на модерни, беспрекорно чисти и лесно пристапни јавни тоалети.
Тие ќе бидат целосно прилагодени за лица со попреченост и ќе се
одржуваат секојдневно, обезбедувајќи достоинствени услови за сите.

4. ЗАШТИТА НА БИСЕРИТЕ НА ЧАРШИЈАТА
-Целосна реставрација и меѓународна промоција на нашите историски
обележја: Куршумли ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут Пашин амам,
Шенгул амам и Безистенот.

5. „Круна на преродбата“ – изградба на подземен паркинг под Плоштад
„Скендербег“.


На крајот на презентацијата, Меџити ја најави и изградбата на двокатен подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“, инвестиција од 25 милиони евра, веќе обезбедена од Владата. Проектот ќе го реши проблемот со пристапот и ќе ја претвори оваа зона во модерен урбан центар кој ја спојува историјата со европската иднина.

— реклама —

Капиталниот проект кој ќе стави печат на оваа преродба е изградбата на новиот Подземен паркимг „Скендербег“. Инвестицијата вредна 25 милиони евра е веќе обезбедена од Владата, отворенa е набавката и се очекува за најмногу месец дена да има камен темелник за реализација на овој проект за 800 возила. Ова ќе биде модерно јадро и симбол на Чаир, место каде што нашата богата историја гордо ќе се сретне со европската иднина. – потенцираше Меџити.


Во завршниот дел од обраќањето, Меџити истакна дека преродбата на Старата чаршија е идентитетски, економски и културен проект, кој ќе го позиционира Чаир како центар на регионалниот туризам.

— реклама —

Старата Чаршија е нашата гордост, но таа не смее да живее само од минатото. Таа заслужува жива и просперитетна иднина. Оваа програма не е список со желби. Ова е конкретен план, со обезбедени средства и јасни рокови. Со целосна посветеност и во партнерство со вас, граѓаните и еснафите, ќе ја издигнеме Чаршијата во симбол на нашиот културен идентитет и мотор на економскиот развој и туризмот.“– изјави Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 1 месец

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp61rgbcas65eb6N7ZC3

Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања