Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
izet-medziti-mares2-1

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.

— реклама —

Меџити во своето обраќање ја истакна важноста на Зелената агенда за Западен Балкан како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот.

„Со ваквата трансформација, ефикасноста на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција ќе се постават во центарот на сите економски активности и предизвиците ќе се претворат во можности“, изјави Меџити, додавајќи дека кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директнен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание - квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси.

— реклама —

— реклама —

Првиот вицепремиер информираше дека во однос на придонесот по мерки, најголемо учество во бројот на нови домашни зелени работни места имаат доградба на постоечки станбени згради со 42%, изградба на пасивни куќи 21%, обновливи извори на енергија без стимулации 6% и соларни термални колектори 8%.

„Употребата на обновлива енергија создава работни места во производството, инсталацијата и одржувањето, поттикнувајќи го економскиот раст и иновациите во енергетската област. Дополнително, со диверзификација на изворите на енергија, обновливите извори ги прават енергетските системи помалку зависни од увезените фосилни горива, со што се подобрува енергетската безбедност“, додаде Меџити.

— реклама —

Меџити на годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС изрази поддршка на интервенциите во примената на обновливите извори на енергија, условена со ненарушување на животната средина и природата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izet-medziti

Победа за жителите на Страчинце – стопирана дозволата за каменолом

Скопје | пред 9 месеци

— реклама —
izet-medziti

Меџити: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Македонија | пред 1 година

cop-29-1

Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања