Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мексикански рибари спасени по пет дена на отворено море пловејќи во голем ладилник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryk93keaimdfut4LWi3Wh

Неверојатна спасувачка акција заврши со среќен исход откако двајца мексикански рибари преживеале пет дена на отворено море, пловејќи на голем пренослив ладилник. Тие биле пронајдени без храна и вода, повеќе од 160 километри од брегот, соопшти мексиканската морнарица.

Потрагата по двајцата рибари била започната на 14 август, откако нивната рибарска задруга пријавила дека изгубила контакт со членовите на екипажот, на возраст од 53 и 32 години. Во потрагата биле вклучени авиони и пловни објекти на мексиканската морнарица, кои пребарувале голем дел од Тихиот Океан.

— реклама —

Според информациите што ги пренесува „Ел Паис“, нивниот рибарски брод бил погоден од силен бран во текот на ноќта, по што потонал. Двајцата успеале од морето да го извлечат големиот ладилник во кој го чувале уловот. Се качиле врз него и така преживеале пет дена на отворено море, без храна и вода.

Рибарите на крајот биле пронајдени на околу 240 километри од брегот на јужната мексиканска држава Чијапас, во близина на границата со Гватемала.

— реклама —

Мексиканската морнарица објави снимка од спасувањето, на која се гледа голем тиркизен ладилник како плови по брановите, додека кон него се приближува спасувачки брод. Рибарите биле извлечени на безбедно, а потоа со хеликоптер биле пренесени до пристаниште.

— реклама —

По лекарскиот преглед, двајцата биле пуштени и се вратиле кај своите семејства. Нивниот идентитет не е објавен, а причината поради која дошло до потонување на рибарскиот брод засега не е позната.

„Не верувавме дека ќе ги преживееме овие денови“, рекол еден од спасените рибари во видеото објавено од морнарицата. Тој додал дека во тие моменти им преостанувало само да се молат и да се надеваат дека спасувачките екипи ќе ги пронајдат.

Неговиот колега го опишал преживувањето како исклучително тешко искуство. Двајцата потврдиле дека во текот на петте дена поминати на море не јаделе и не пиеле ништо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Свет | пред 2 седмици

media-libraryar8skv0b6hqa4wt3a3c

(Видео) Десет загинати и 16 повредени во бунт во затвор во Мексико

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања