Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мерц бара од Трамп да не ги исклучува Европа и Украина од преговорите со Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Свет
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не ги изненадува европските сојузници за време на очекуваните разговори со рускиот претседател Владимир Путин за Украина, кои треба да се одржат следната недела во Кина.

— реклама —

Мерц, кој престојува во Даблин, изрази загриженост дека би можело да се повтори сценариото од самитот на Трамп и Путин на Алјаска, кој европските лидери го сметаа за можен пресврт во напорите за завршување на војната во Украина.

„Некои овде во Даблин стравуваат дека би можело да се повтори сценариото од Енкориџ. Затоа сакам многу јасно да ја пренесам нашата порака до Соединетите Американски Држави: ве молиме, без изненадувања. Продолжете да дејствувате како дел од тимот на Европа и тимот на Украина“, порача Мерц.

— реклама —

Германскиот канцелар настојува да обезбеди лидерите на Европската Унија, во рамките на преговорите за долгорочниот буџет на Унијата, да се обврзат на продолжување на поддршката за Украина. Тој соопшти дека неговиот предлог добил широка поддршка, но дека конечниот договор сè уште е далеку.

— реклама —

По средбите на американски и руски претставници во Абу Даби оваа недела, во наредните недели се очекува почеток на конкретни мировни преговори, во кои за првпат би требало да учествуваат и европски претставници.

Мерц ги отфрли руските барања европската безбедносна архитектура да биде во средиштето на преговорите, посочувајќи дека таа веќе постои во рамките на НАТО.

— реклама —

Според него, претстојните разговори треба да се насочат кон прашањето како ќе се гарантира безбедноста на Украина по постигнувањето мир, но првиот чекор, како што нагласи, е воопшто да се постигне мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако сите членки не се обврзат да ја финансираат Украина

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања