Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мерц и Макрон со заедничка одбрана и критики кон Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library6hr5datj1l8s6Vdq968

Германија и Франција ќе ја продлабочат соработката во областа на одбраната и ќе работат на заеднички одговор на, како што оценија нивните лидери, силниот економски притисок од Кина врз европската економија.

— реклама —

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон ги соопштија договорените цели по заедничката седница на владите на двете земји, при што најавија соработка во развојот на противракетна одбрана и ракетни системи со долг дострел.

„Ќе направиме сè што е потребно за да ја заштитиме нашата слобода, безбедност и колективна одбрана“, изјави Мерц.

— реклама —

Двајцата лидери ја обвинија Кина дека не ги почитува правилата на меѓународната трговија, оценувајќи дека преку големи државни субвенции и прекумерно производство создава нелојална конкуренција за европските компании.

— реклама —

„Не сме противници на Кина, ниту во дипломатијата ниту во економијата, но реално ја согледуваме ситуацијата“, рече Макрон, додавајќи дека Европската Унија секојдневно бележи трговски дефицит со Кина од околу една милијарда евра.

Мерц и Макрон разговарале и за идната соработка во областа на нуклеарното одвраќање, во време кога САД најавуваат намалување на своето безбедносно присуство во Европа.

Мерц изјави дека се применува постепен пристап што во иднина би можел да доведе до нова одбранбена доктрина, додека Макрон нагласи дека Франција и натаму самостојно ќе го финансира својот нуклеарен програм и нема планови Германија да учествува во неговото финансирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp46mhm8gq9dsbMBVxwU

(Видео) Хаос во Германија: Молотови коктели, запалени барикади и грабежи, над 200 уапсени

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Изгореа три градежни возила на градилиште на германскиот „Рајнметал“

Свет | пред 1 ден

media-libraryg7c7dj2cncod7LxHS4q

Училишен автобус со 20 деца излетал од кружен тек и се забил во ѕид од куќа во Германија

Свет | пред 2 дена

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања