Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: „Ќе платат за тоа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германската влада наскоро ќе ги објави сознанијата за тоа кој стои зад обидот за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг, најави германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој порача дека одговорните „ќе платат за тоа“.

Инцидентот се случил на 4 август, кога дрон со експлозив бил насочен кон украински товарен авион. Според информации до кои дошле „Зидојче цајтунг“, НДР и ВДР, безбедносните служби се сомневаат дека во нападот биле користени вкупно три дрона.

— реклама —

Мерц оцени дека случајот во Лајпциг покажува оти Германија сè почесто е цел на хибридни закани.

— реклама —

„Напаѓачите станаа целосно безобѕирни и свесно ризикуваат голема материјална штета, па дури и повреди или смртни случаи“, изјави Мерц.

Тој најави дека федералната влада се подготвува за вакви закани, меѓу другото и преку формирање Центар за дронови во Магдебург. Мерц истакна и дека Германија мора да испрати јасна порака до оние што стојат зад хибридните напади.

— реклама —

„Оние што стојат зад хибридните напади ќе се соочат со сериозни последици“, порача германскиот канцелар.

Поради германската поддршка за Украина, безбедносните служби се сомневаат дека зад нападот би можела да стои Русија.

По новиот бран хибридни напади, германски политичари повикаа на поостар одговор кон Москва. Пратеникот од Социјалдемократската партија Себастијан Фидлер изјави дека е време рускиот претседател Владимир Путин да почувствува вистински последици, вклучително и преку запирање на таканаречената „флота во сенка“ што оперира во близина на германските брегови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц повторно под притисок: Германците гласаат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања