Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако сите членки не се обврзат да ја финансираат Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Свет
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Германија би можела да го блокира усвојувањето на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија доколку сите земји членки не преземат обврска за заедничко финансирање на Украина во 2027 година и во наредниот период. Ова го најавил германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мерц ја условил германската поддршка за буџетот на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година со договор за заедничко покривање на финансиските потреби на Украина. Според процените, Киев следната година би можел да се соочи со недостиг од 70 милијарди евра.

— реклама —

Мерц бара сите земји членки, без исклучок, правично да учествуваат во обезбедувањето на потребните средства, нагласувајќи дека тоа е клучен услов и за преговорите за другите финансиски прашања во Унијата.

— реклама —

Германскиот канцелар инсистира и на воспоставување долгорочен финансиски механизам со кој Украина ќе добие сигурна поддршка од 2028 година, вклучително и покривање на каматите за веќе преземените обврски.

Унгарија, Словачка, Бугарија и Чешка досега сигнализирале дека не сакаат да учествуваат во дополнителното финансирање на Киев. Унгарија, Словачка и Чешка минатата година добиле изземање од обврската за плаќање камати на заемот од 90 милијарди евра.

— реклама —

Против продолжување на поддршката за Украина се изјаснила и Марин Ле Пен, која, според анкетите, е меѓу водечките кандидати пред претседателските избори во Франција во април. Таа најавила дека, доколку победи и го наследи Емануел Макрон, ќе ја прекине помошта за Киев, освен оперативната поддршка и обуката на украинските војници.

— реклама —

Прашањето за финансирањето на Украина се отвора во време кога земјите членки водат сложени преговори за новиот седумгодишен буџет на ЕУ. Германија е најголемиот нето-придонесувач во заедничката каса, додека четирите земји што се против дополнителни издвојувања се нето-кориснички на европски средства.

Барањето на Мерц доаѓа пред неформалната средба на лидерите на ЕУ во Даблин, на која, на негово барање, се очекува да се разговара за финансиските потреби на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 1 месец

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц повторно под притисок: Германците гласаат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања