Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мерките на Владата немаат ефект - ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
market-pari

„На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари.

— реклама —

Ова е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите.

Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ.

— реклама —

Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства.

— реклама —

Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања