„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-10-143738

„ДУИ на власт: Јули, 2023 година, владата на ДУИ и СДС дава ЗЕЛЕНО СВЕТЛО и го усвојува АКЦИСКИОТ ПЛАН како дел од Стратегијата за реформа на јавната администрација, во која што на 47-та страна, се наведува и се потврдува нивниот став дека, цитирам „СЕ НАДМИНУВА ПОТРЕБАТА ОД ПРИМЕНА НА АЛАТКАТА НАРЕЧЕНА ‘БАЛАНСЕР’ КОЈА ВО ПРАКСА ПРЕДИЗВИКУВА БРОЈНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски на социјалните мрежи.

— реклама —

„ДУИ во опозиција: Свикува вонредна прес конференција и вели „Ја осудуваме ШОКАНТНАТА одлука на Уставен суд за укинување на т.н. Балансер. Тоа е директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да ги заштити правата загарантирани со Устав“.

— реклама —

Оттука, јас би сакал да знам,

Што се смени во ДУИ за да има вака дијаметрално спротивен став за т.н. балансер во период од само една година?

Зошто баш сега, а не лани, ДУИ е „шокиран“ од оваа одлука?

И, зошто ДУИ од позиција на тогашна власт, молчеше и не организираше никакви вечерни и вонредни прес конференции на оваа тема?

Одговорот е едноставен и краток: БИДЕЈЌИ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ, ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА!

Затоа, на крајот би сакал да упатам една искрена порака до политичката партија ДУИ,

Прочитани сте! Доста е од популизам и политиканство, доста е од лицемерие и дволичност, доста е од креирање на меѓуетнички тензии.

Прифатете ја реалноста, бидете самокритични, реформирајте се и покажете дека навистина сакате Македонија да биде просперитетна и силна држава“, додаде Мицевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања