„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски и министерот за дигитална трансформација, Андоновски го означија стартот за изработката на Националната ИКТ Стратегија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
463164746_1074645671334525_1136769971241013827_n

Денеска Претседателот на Владата и Претседател на Националниот совет за дигитална трансформација, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, го одржаа првиот состанок на секторската работна група за изработка на Националната ИКТ Стратегија. "Целта е да се дефинираат активностите на институциите и Владата за дигиталната трансформација на државата. 7 години нема стратешки документ по кој може да се постапува. Затоа Стратегијата ќе биде најголемиот и најкомплексниот стратешки документ во областа на дигиталната трансформација на кој ќе работат преку 50 експерти во областа.“, истакна Андоновски.

— реклама —

За министерот Андоновски, оваа стратегија ќе ги постави темелите на дигиталната трансформација во Македонија. „Ова е многу важен документ затоа што ќе ги исцрта активностите во наредните 4 години и ќе ја постави визијата и на министерството и на Владата за процесот на дигиталната трансформација. Таа ќе биде поврзана со клучните документи на ЕУ, особено агендата 2030 за дигитална трансформација, но и со други стратешки документи кои се од значење на државата.“

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ кој ќе ги води сите наши напори и активности во однос на дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата на ова поле. Неопходно е да чекориме во ист ритам во свет кој напредува со огромна брзина, а пристапот до дигиталните технологии и нивно подведување во функција и интерес на човекот и нивното правилно искористување отвора нови хоризонти и перспективи за сите. Важно е да се разбере дека дигитализацијата не претставува една, монолитна работа, туку опфаќа низа комплексни, меѓусебно поврзани и комплементарни чекори. За да чекориме по вистински пат важно е да се знае од каде поаѓаме, како и каде се движиме. Внимателен, сеопфатен, стручен и структуриран пристап е клучен предуслов за дигитална трансформација и последователно, општествен развој во согласност со светските текови – изјави премиерот Христијан на денешната прес-конференција.

— реклама —

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски ја нагласи важноста на овој чекор за иднината на земјата: „Со оваа стратегија, ние не само што ќе ја зајакнеме конкурентноста на Македонија, туку и ќе создадеме дигитален екосистем кој ќе го подобри животот на секој наш граѓанин“.

Стратегијата ќе опфати широк спектар на области, од развој на дигитална инфраструктура и унапредување на дигиталните вештини на граѓаните, до модернизација на јавните услуги, иновации и поддршка на дигиталната трансформација на бизнисите. Целта е да се создаде сеопфатен пристап кој ќе ги адресира сите аспекти на дигиталното општество. Процесот на изработка на стратегијата ќе биде инклузивен и транспарентен, со активно вклучување на сите релевантни чинители.

„Во работата имаме инклузивен пристап. Затоа, ги повикуваме сите - од ИТ експертите до комори и заинтересирани граѓани - да се вклучат и да ги споделат своите идеи.“, додаде министерот.

Се очекува финалната верзија на Националната ИКТ Стратегија да биде предложена на Националниот Совет и Владата во наредните месеци, по што ќе следи нејзино усвојување и имплементација. Овој чекор се смета за клучен во процесот на модернизација на државата и нејзиното приближување кон европските дигитални стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

stefan-and-1

Андоновски ја отвори глобалната Сајбер Конференција во Цирих

Македонија | пред 1 година

image00004-1

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

Македонија | пред 1 година

stefan-andonovski1-1

Андоновски: Нема да дозволиме корупцијата и приватниот интерес да надвладеат над сајбербезбедноста

Македонија | пред 1 година

andonovski1-1

Андоновски ја отвори јавната расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања