Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја кријат вистината за процесот на евроинтеграција и прашањето за уставните измени.

— реклама —

Филипче посочи дека бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, јасно порачала дека прашањето за внесување на малцинствата во Уставот „не е билатерално, туку европско прашање“.

„Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија“, рече Филипче.

— реклама —

Тој се повика и на изјави на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, како и на еврокомесарката Марта Кос, кои, според него, испратиле пораки дека напредокот кон ЕУ зависи од реформите и исполнувањето на обврските.

— реклама —

Филипче обвини дека власта создава „вештачки конфликти“ за да ја сокрие вистината и да го блокира европскиот пат на државата.

„Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка“, изјави лидерот на СДСМ.

— реклама —

Тој додаде дека без уставни измени нема продолжување на преговорите со Европска Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 3 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања