Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски и ВМРО ги сметаат граѓаните за „талог“, а државните симболи „инсталација“ за тендери“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Остри реакции преку соопштение од СДСМ по државната прослава по повод 35 години независност, откако, како што тврдат од партијата, на настанот било прикажано погрешно македонско знаме.

— реклама —

Од СДСМ велат дека пропустот е особено сериозен бидејќи станува збор за официјална државна прослава, за која биле издвоени значителни средства од буџетот. Партијата бара одговор кој го изработил материјалот со погрешното знаме, како и колку чинела неговата изработка.

„Наместо извинување и одговорност, власта се обиде да го оправда пропустот“, обвинуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија истовремено реагираат и на содржината на видеото подготвено за одбележувањето на 35-годишнината од независноста. Според нив, во него биле изоставени значајни државни достигнувања, меѓу кои членството во НАТО и ОН, како и кандидатскиот статус за членство во Европската Унија.

— реклама —

СДСМ оценува дека станува збор за обид за ревидирање на историјата на македонската независност и обвинува дека власта, како што велат, преку поделби и политички напади се обидува да го прикрие отсуството на сопствени резултати.

Од партијата додаваат дека најзначајните стратешки и државнички достигнувања во изминатите 35 години се реализирани во периоди кога СДСМ ја преземал одговорноста за управувањето со државата.

— реклама —

„Немаат што да запишат свое, па сакаат да избришат од она што веќе е запишано во македонската историја“, стои во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања