Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ преку соопштение остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поради нивното присуство и прослава во Гостивар, потсетувајќи на неодамнешната состојба со загадената вода и пријавените случаи на труење во градот.

— реклама —

„Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени“, реагираат од СДСМ, поставувајќи прашање што, како што велат, всушност се славело во градот.

Од партијата потсетуваат на периодот во кој, според нив, граѓаните со недели се соочувале со проблеми со водоснабдувањето, како и на наводното доцнење со објавувањето на документите за квалитетот на водата.

— реклама —

СДСМ го критикува и односот на власта кон состојбата во Гостивар, обвинувајќи ги надлежните дека заминале на одмор додека градот се соочувал со последиците од труењето и епидемијата.

— реклама —

„Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи“, наведуваат од СДСМ.

Од опозициската партија го цитираат и Мицкоски, кој порача дека Гостивар нема да биде заборавен, но додаваат дека, според нив, односот на власта покажува поинаква слика.

— реклама —

„Гостивар нема да биде заборавен пред избори – тоа го вели Мицкоски. Гостивар не заборава. Граѓаните не забораваат“, стои во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања