Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и ВМРО – тројанскиот коњ на Балканот, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја туркаат државата во изолација и, како што наведуваат, работат спротивно на европските интереси на Македонија.

— реклама —

Од партијата во соопштението посочуваат дека додека НАТО и Европска Унија предупредуваат за хибридни закани, руско влијание и концептот „српски свет“ во Западен Балкан, власта, според нив, води политики што ја оддалечуваат земјата од европскиот пат.

Во соопштението се споменува и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, за кого СДСМ тврди дека јавно се поврзувал со Русија и со групата Ноќни волци.

— реклама —

Партијата упати критики и кон новинарот Драган Павловиќ Латас, обвинувајќи го дека води антиевропска пропаганда преку медиуми блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан.

— реклама —

СДСМ повторно отвори и прашање за двојните државјанства, тврдејќи дека дел од функционерите на власта и нивните семејства поседуваат бугарски пасоши.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ предложила закон за двојно државјанство кој би важел од следниот парламентарен состав, но го повлекла откако СДСМ побарала законот веднаш да се применува и за актуелните функционери.

— реклама —

„Македонија не е тројански коњ. Македонија е европска држава“, порачаа од СДСМ, повикувајќи на реформи и забрзување на европската интеграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања