Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија, вели Стојчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn7uuh41bk6sl2mgx7H6

СДММ денеска одржа прес-конференција на која претседателот Трајче Стојчевски упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојчевски оцени дека е „врв на лицемерие и цинизам“ повикот на Мицкоски младите да не се иселуваат, тврдејќи дека токму политиките на актуелната власт придонесуваат за масовното иселување.

„Младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем и партизацијата“, изјави Стојчевски.

— реклама —

Тој обвини дека Владата намерно го блокира европскиот пат на државата и дека најголемата штета од тоа ја трпат младите генерации.

— реклама —

Во обраќањето беа упатени критики и за економските политики на Владата, при што Стојчевски рече дека нема мерки за младите, нема зголемување на минималната плата и нема вистинска поддршка за студентите и младите работници.

СДММ ја обвини Владата и за новото задолжување на државата, наведувајќи дека за две години бил создаден нов долг од 2,3 милијарди евра, кој, според нив, ќе треба да го враќаат идните генерации.

— реклама —

На крајот од прес-конференцијата, Стојчевски порача дека на следните избори младите ќе избираат меѓу „иднина со СДСМ“ и „изолација со ВМРО-ДПМНЕ“, посочувајќи го Венко Филипче како политичар кој, според нив, нуди европска перспектива за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library17bg9p27sm6d2UTanwF

СДСМ зборува за враќање на Груевски, а го пушти да избега од одговорноста , вели Стојчевски

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања