Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат- младите ќе победат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library54nho91v44gk8yaTOYC

Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на денешната прес-конференција обвини дека млади активисти на СДСМ биле физички нападнати во Ново Село додека мирно држеле транспарент поврзан со, како што наведе, состојбата со водата за пиење во Гостивар.

— реклама —

Стојчевски тврди дека зад нападот стојат лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и побара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да ги идентификуваат и приведат сите учесници, како и да утврдат кој го организирал нападот.

— реклама —

„Младите стоеја мирно и ја кажуваа вистината. Наместо одговори, добија физички напад. Ова не беше спонтан настан, туку организиран напад“, рече Стојчевски.

Тој оцени дека власта се обидува да ги замолчи младите кои јавно зборуваат за проблемите во државата, меѓу кои ги посочи состојбата со водата за пиење, економијата, иселувањето на младите и демографските трендови.

— реклама —

„Младите не се плашат и нема да молчат. Бараме институциите веднаш да постапат и сите одговорни да сносат последици“, порача Стојчевски.

— реклама —

Во своето обраќање, претседателот на СДММ нагласи дека, според него, младите ќе продолжат јавно да ги искажуваат своите ставови и покрај, како што рече, притисоците и заканите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn7uuh41bk6sl2mgx7H6

Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија, вели Стојчевски

Македонија | пред 2 месеци

media-library17bg9p27sm6d2UTanwF

СДСМ зборува за враќање на Груевски, а го пушти да избега од одговорноста , вели Стојчевски

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања