„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryg2sqogrgjjd0dZVACTb

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше на темата за правосудниот систем во земјава и истакна дека иако постојат над 80 пријави кои се заглавени во судските и обвинителските лавиринти, тој ќе се посвети на нив по локалните избори. Мицкоски најави  ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. Како што вели тој, процесот на прочистување на политичкото мочуриште ќе зависи исклучиво од законот и уставот, а од правдата нема бегство.

— реклама —

Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на Бихаќка, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави ресет на целиот систем и длабоки реформи по локалните избори, а додаде и дека ресетот нема да биде реванш туку одговорност и правда онаму каде што до сега нема.

— реклама —

Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството. Со оваа тема посебно и лично ќе се занимавам веднаш по изборите. И правдата ќе ги допре сите оние што сега се удираат во гради. Верувајте, потоа кога ќе бидат соочени со законот, нема да бидат ниту толку храбри ниту толку гласни, затоа што ресетот на системот нема да биде реванш, туку одговорност и правда таму каде што досега не завладеала, рече Мицкоски и додаде:

Мора да има катарза на тоа политичко мочуриште, чиј процес на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. Од правдата нема бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 1 месец

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp61rgbcas65eb6N7ZC3

Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања