Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски ја централизира моќта - Владее сам во партијата, владее сам во државата“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

Од СДСМ преку соопштение оценуваат дека најавената реконструкција на Владата, за која Собранието треба да гласа на 13 јули, претставува обид за дополнителна концентрација на моќта во рацете на премиерот Христијан Мицкоски, а не вистинска реформа.

— реклама —

Според партијата, промените во министерските ресори се само кадровски, додека политиките остануваат непроменети.

„Она што се претставува како ‘освежување’ е всушност чист театар. Се менуваат министри, но политиките остануваат исти. Се менуваат лица, но неуспесите продолжуваат. Ова не е реформа – ова е консолидација на лична власт“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Во соопштението се тврди дека сите клучни одлуки се носат во кабинетот на премиерот, додека коалициските партнери се сведени на споредна улога, а институциите, како што велат, стануваат сервис на премиерот.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека реконструкцијата нема да донесе подобрување на животниот стандард, намалување на цените, повисоки плати или побрза европска интеграција, туку само дополнителна концентрација на власта.

„На Македонија не ѝ треба премиер кој сака сам да биде Владата. Ни треба систем, силни институции и европски стандарди кои ќе ја вратат довербата на граѓаните“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ порачуваат дека, како што велат, „Фронтот за вистина и правда“ има цел власта повторно да ја врати во рацете на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања