Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

„Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
18102024-Mickoski-1

„Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - На македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Станува збор за проект кој Владата ќе се обиде да го договори со МАНУ и со универзитетската заедница. Идејата е проектот да биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година. Целта на овој проект е да се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој.

Ракавицата од Мицкоски е фрлена кон СДС.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека „мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата“ и додаде „потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија, на државата тоа и недостасуваше со години“.

СДС сега треба да се надмине да заборави на приоритетите на поединци, на партиските приоритети и да подаде рака за развој на државата по сите погубни политики кои ги водеа во последните седум години.

СДС мора да ја надмине кратковидоста и да прифати државна стратегија бидејќи само така Македонија ќе може да оди напред.

Мицкоски заклучи „на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден“.

Станува СДС да покаже што и е поважно лични и партиски интереси или Македонија!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања