Промени тема
Контакт

Мицкоски капитулирал пред иредентистичкиот притисок, премиерот кренал раце од Западна Македонија, но не и народот, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-dokumenti

„Премиер на држава, од “патриотската“ ДПМНЕ, како папагал повторува дека македонски кандидат не може да победи во Тетово, Гостивар и Струга. Премиере, кога ги избришавте овие градови од мапата на Македонија? Дали со ова им порачувате на Македонците од тие предели дека треба да се иселат, бидејќи според вас немаат никакви шанси?“, велат од Левица и додаваат:

Македонија не е партиски или етнички пазар за размена на општини и функции. Тетово, Гостивар и Струга се исто толку Македонија колку и Скопје, Велес или Штип.

— реклама —

Особено е скандалозно што токму ДПМНЕ, која се претставува како најпатриотска партија, отворено најавува поддршка за кандидатите на ВРЕДИ – луѓе кои јавно заговараат федерализација и претворање на Македонија во втора албанска држава. Со ова, Мицкоски испраќа јасна порака дека неговата борба за власт е далеку поважна од државните и националните интереси.

Уште поскандалозно е што премиер на држава излегува и ги убедува Македонците дека самото кандидирање Македонци за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга било „антимакедонски чин“.

— реклама —

Замислете, според Мицкоски, тоа што Левица единствена им понуди на граѓаните кандидати во овие општини е проблем.

— реклама —

За каква демократија зборуваме кога премиерот однапред го потценува народот и нервозно го прогласува исходот - дека неговиот коалиционен партнер, во којшто очигледно е страстно заљубен, мора да победи?

Жителите на Тетово, Гостивар и Струга заслужуваат избор - луѓе без криминално минато, без мафијашки врски, чесни, со визија и дигнитет. Левица им го нуди токму тоа на сите жители - Македонци, Албанци, Турци и сите останати подеднакво.

— реклама —

Мицкоски треба конечно да сфати дека граѓаните не се наивни и не постојат за да му ја потврдат партиската агенда. Македонија не е нивна сопственост и не може да се разменува по тајни договори.

Западна Македонија, како и целата држава, заслужува нов почеток со чесни градоначалници и советници кои ќе работат за сите граѓани и конечно ќе понудат развиток, а не уназадување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања