Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Ме шокираше изјавата на Пендаровски дека очи немало да им види на граѓаните ако не го гласаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-Konvencija-1-02032024

Од тоа што можам да следам во кампањата, тоа се пораки кои се вообичаени и во делот на преткампањата, гледам дека во албанскиот условно кажано блок кампањата се води со испраќање на пораки со прес конференции, многу малку теренска кампања, можеби тоа беше поради празникот Рамазан Бајрам. Очекувам сега поголема динамика. Во останатите кандидати гледаме вообичаени пораки, нема нешто ново, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со МАСИТ одговарајќи на новинарски прашања.

— реклама —

Мицкоски истакна дека клучни се пораките кои се презентираат на настаните за време на кампањата за Гордана Силјановска Давкова која ќе е идниот претседатеел на Македонија.

И очекувам дека довербата која ќе ја добијат Силјановска Давкова и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата твоја Македонија да направат нешто ново за Македонија и поразлично од тоа што се гледаше сега, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека во кампањата не го коментира Ковачевски бидејќи човекот исчезна, го нема.

— реклама —

Пендаровски се срами од Ковачевски како претседател на партијата која го поддржа или е нешто друго како причина, но човекот исчезна. Што се однесува до Пендаровски и начинот на кој води кампања веќе кажав дека човекот најмалку што треба да направи е да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова, но тој тоа не го прави, продолжува со навреди. Ако оценил дека така треба да ја води кампањата и тоа му носи политички поени тоа е негова пресметка, јас би го советувал та да не го прави, туку да се извини, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека веројатно Пендаровски така се обраќа на оние на кои мисли дека ќе го гласаат, но тие пораки се шокирачки.

Неговата порака „очи нема да ви видам во вториот круг ако во првиот нема да ме гласате“ е навистина шокантна и е порака до граѓаните и е порака до граѓаните бидејќи 5 години го немаше, излезе во кампања и сега го гледаме како повторно бара поддршка а се заканува на граѓаните. Шокиран сум што овие луѓе после 30 годишна политичка кариера испраќаат во јавност вакви пораки, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 3 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања