Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ-Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryeh34nebq6eo9fVOoqUo

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во минaтото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.

— реклама —

Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека  ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС-ДУИ и Левица  а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.

На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС-ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ.  Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

— реклама —

Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9, заклучи Мицкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања