Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат, иако МВР и надлежните темелно сработија десетици случаи на голема корупција кога влада беа СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

И морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ, кажа Мицкоски.

Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија ќе одговараат.

— реклама —

Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Македонија | пред 1 месец

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања