„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Никој не верува дека СДСМ може да имаат црвени линии, тоа може да биде само уште еден подарок за Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампања за локалните избори 2025 година се осврна на политичките пораки кои доаѓаат од политичкиот противник СДСМ, за кој рече на овие предизборни митинзи одвај успеваат неколкумина да се соберат.

— реклама —

Мицкоски посочи дека ова раководство на СДСМ партијата ја сведе под биолошкиот минимум и дека после овие избори кај нив ќе следува реконструкција и промени за да дојдат нови млади ликови кои ќе бидат конструктивна опозиција.

„Ќе издвојам две политички пораки кои тие во оваа кампања во овие неколку дена ги артикулираат на нивните собири, нивните митинзи. За волја на вистината едвај се собираат. Оваа раководство во СДСМ ја доведе партијата под биолошкиот минимум, под 150 илјади гласа и мислам дека на овие избори ќе се борат жестоко да освојат помеѓу 120 и 130 илјади гласа. Но тој е нивен проблем. Очекувам после овие избори да има таму катарза, реконструкција и нови млади сили коишто ќе донесат нова енергија, кои ќе бидат конструктивна опозиција и ќе работиме заедно на основа на идеи, аргументи, проекти и визија, а не на црна кампања“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски се осврна на пораките коишто опозицијата ги испраќа овие предизборни денови, потенцирајќи дека правата е со нивниот документ за некој таканаречени црвени линии, за кој никој не верува дека тие можат да ги имаат.

„Првата порака кои тие ја испратија на оваа кампања, па и пред тоа, беше изготвениот документ кои тие го нарекоа резолуција на СДСМ со така наречени црвени линии. Зарем некој денеска, во Македонија може да верува дека СДСМ може да биде патриот и да има црвени линии? Но зад тој документ се крие, прво тоа што ги уриваат тешко повратените минимални, но повратени национални и државни позиции кои владата ги направи изминатите 15 месеци. И второ, тие имаат уште еден подарок за нашиот источен сосед, а тој подарок кој е? Вели претседателот на СДСМ вели еве уште еднаш да ја свиткаме кичмата, без да добиеме ништо, нашите во Пиринска Македонија не нè интересираат“, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека втората порака која од СДСМ ја испраќаат на овие избори е безмилосна заштита на нивните аргати и лакеи во обвинителството и судството.

„Јас испратив една порака и реков дека ние немаме намера да ги поддржуваме тие малкумина корумпирани аргати и лакеи на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството и рековме и овие плати кои ги земаат не ги заслужуваат. Тие не почекаа ни еден ден да помине, уште истиот ден се изредија во првите редови ги бранат ли ги бранат“, рече Мицкоски додавајќи дека МВР спреми со докази голем број предмети, но судството и обвинителството ги чуваат во фиока.

Затоа, Мицкоски посочи дека со масовно гласање за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ се прави вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место и за твојата иднина, за да се стави конечно ред и да дојде правда во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 17 часа

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 4 дена

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања