Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека за време на посетата на Германија остварил средби со раководството на „Дојче телеком“, како и со претставници на Германската стопанска комора и компании што веќе инвестираат или планираат да вложуваат во Македонија.

— реклама —

На средбата со главниот директор на „Дојче телеком“ биле разгледани можностите за дополнителни инвестиции на македонскиот телекомуникациски пазар, но и во други области, меѓу кои здравството, паметната технологија и други индустрии што можат да донесат поголема додадена вредност за домашната економија.

— реклама —

Во рамките на посетата на Бон, Мицкоски разговарал и со претставници на Германската стопанска комора и компании со германски капитал. Теми на разговор биле досегашните искуства на инвеститорите, подобрувањето на условите за нивно работење, како и можностите за проширување на инвестициите и производствените капацитети.

— реклама —

Според Мицкоски, зголемувањето на инвестициите би придонело и за раст на бруто-домашниот производ, а резултатите од разговорите би имале позитивно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните.

— реклама —

Премиерот најави дека посетата на Германија продолжува и во текот на утрешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања