Промени тема
Контакт

Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата држава, следува и трет повик за општински проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryulua093fa6mdbvz9ZoB

Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, изјави дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините и најави дека ќе следува и трет повик за нови проекти.

— реклама —

Тој оцени дека Македонија во моментов е „едно големо градилиште“, посочувајќи дека дел од проектите веќе се завршени, дел се во тек, а мал број допрва ќе започнат.

— реклама —

„Очекувам следната година да го заокружиме процесот со проектите од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за трет повик, кој мислам дека ќе биде исто така потребен. Во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти, што е добро“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој упати честитки до градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оценувајќи дека реализира значајни проекти, а благодарност изрази и до општинската администрација, советниците, пратениците и членовите на Владата за поддршката во реализацијата на проектите.

Според Мицкоски, државата денес се менува и од, како што рече, „ограбена, понижена и засрамена“, станува земја во која интензивно се гради, при што Владата ќе продолжи со реализација на нови инфраструктурни проекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Македонија | пред 26 минути

— реклама —
media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

Македонија | пред 22 часа

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски за обвинувањата за задолжувањето: Јавниот долг е зголемен за помалку од 1,4 милијарди евра, а БДП за 4 милијарди

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања