Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

Позитивните движења во градежниот сектор се очекува да дадат значаен придонес кон економскиот раст, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој на денешната прес-конференција посочи дека најновите показатели покажуваат раст од над 30 отсто кај издадените одобренија за градење.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за состојбите во градежништвото, Мицкоски истакна дека особено охрабрува и вредноста на планираните градежни работи, која исто така бележи раст од над 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

— реклама —

„Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото. Кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30 отсто во делот на издадените одобренија за градење“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека дополнителен позитивен сигнал е и вредноста на работите што треба да се реализираат во градежниот сектор, која е за повеќе од 30 отсто повисока во споредба со истиот период лани.

— реклама —

Според премиерот, градежништвото е еден од значајните двигатели на економскиот развој, поради што очекува неговиот раст да има сериозно позитивно влијание врз бруто-домашниот производ.

— реклама —

„Очекувам да има сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата“, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања