Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: Робусни мерки за стабилизација на економијата, инфлацијата под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryo31vbrqq181c0xYnwJP

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

Одговарајќи на новинарско прашање за разликите во цените на горивата и потребата од таргетирани економски мерки, Мицкоски истакна дека тековните политики се насочени кон контрола на инфлацијата и стабилизација на економијата.

„Робусните мерки се првиот чекор којшто го преземаме. Очекуваме да тоа влијае при контрола на инфлацијата, ако се вратиме во 2022-та, март-април ќе беше двоцифрена, јас очекувам да ние сега во март некаде на половина од тоа што било тогаш“, изјави премиерот.

— реклама —

Тој посочи дека според тековните анализи и дневните следења на пазарот, инфлацијата веќе се стабилизира.

„Врз основа на пресметките кои ги правиме, бидејќи следиме на дневна основа со Државниот пазарен инспекторат, очекуваме тука помеѓу 4 и 5%“, рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот направи споредба и со состојбите во регионот, наведувајќи дека слични нивоа на инфлација се бележат и во други земји.

— реклама —

„Хрватска објави, мислам дека се оние негде 4,8, така нешто. Очекувам тука да сме и ние, да не биде двоцифрена како што тоа било“, додаде тој.

Во однос на барањата за таргетирани мерки за најранливите категории граѓани, премиерот не даде конкретен одговор, но потенцираше дека Владата ќе продолжи да ја следи состојбата и да реагира согласно економските движења.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari

Европа со минимални плати над 2.000 евра, Македонија при дното на листата

Македонија | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Три економии во ЕУ најбрзо растат, две останаа без економски раст

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

Европската централна банка ги избра учесниците за тестирањето на дигиталното евро

Свет | пред 4 седмици

IMG_5070

„Економијата не се мери со паника, туку со бројки“: Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања