Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryn4v4amutq8fif3sFsuo

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од Брисел, обвинувајќи го дека наместо со решенија за домашните проблеми, се занимава со, како што велат, политички пораки и меѓународни настапи.

Од партијата иронично прашуваат дали Мицкоски по враќањето ќе биде пречекан со „ново знаме“, алудирајќи на неговите ставови за уставното име и меѓународните прашања.

— реклама —

„Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија. Прашањето е само едно: дали ќе го пречекаат со ново знаме?“, велат од СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат на предизборните ветувања на Мицкоски за подобра преговарачка позиција, нови гаранции и промена на името, оценувајќи дека тие ветувања не се реализирани.

— реклама —

Партијата го критикува и односот на Владата кон состојбата во Гостивар, здравствените проблеми и епидемиолошките состојби, посочувајќи ги проблемите со водоснабдувањето, западнонилската треска и состојбата во здравствените установи.

— реклама —

„Те чека празен буџет. Те чекаат плати и пензии. Те чека Гостивар – цел месец. Три цистерни вода за цел град. Епидемија на жолтица. Епидемија на Западнонилска треска“, стои во реакцијата.

Од СДСМ обвинуваат дека Владата, наместо да понуди решенија, користи, како што велат, закани и политички пораки.

— реклама —

„Закани наместо решенија. Лаги наместо одговорност“, наведуваат од партијата.

На крајот од реакцијата, СДСМ му порача на Мицкоски дека по враќањето од Брисел ќе треба да се соочи со проблемите со кои, според нив, се соочуваат граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања