Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мицкоски со порака до ДУИ веднаш по првиот круг од изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqeid4t3bga6v2AWGw9l

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на партијата на локалните избори, на кои неговите кандидати освоија градоначалнички места во 32 општини уште во првиот круг, изјави дека исходот бил очекуван и дека тој претставува пораз на старите политички модели.

„Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги давав тие одговори, знаев дека ќе се случи ова што се случи – знаев дека политиката од пред четири или пет децении ќе биде поразена, и бев во право,“ рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека резултатите се „јасна порака“ за ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, кои, според него, доживеале сериозно разочарување.

„Многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска – и очигледно се непријатно изненадени. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков: полека, почекај, ќе бидеш непријатно изненаден од резултатот. Ова е тој ден,“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Мицкоски оцени дека овие избори означуваат пораз на политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми, кои, како што рече, „немаат никаква врска со секојдневните проблеми на граѓаните“.

„На овие избори победи разумот, победи политиката што се занимава со реални проблеми, а не со орли и зајци. Сега се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но очекувам далеку поконцентрирана и покапацитетна од оваа која зборува за небитни теми,“ додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања