Мицкоски: Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
289818924_562029455645233_7796053902433343560_n

При денешната посета на општина Аеродром, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вечерашното заседавање на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извршниот комитет ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и предлогот за референдумско изјаснување како и анализа на актуелната политичко економска состојба во државата.

— реклама —

„Да, денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет ќе разговараме за актуелните случувања исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп, Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња, денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта. Исто така за предлог за референдумско изјаснување да видиме каков тип на референдум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, на што би се фокусирале и тн да слушнеме членовите на Извршниот комитет на партијата што мислат и нормално анализа на актуелната политичко економска состојба во државата што е стандардна тема во тие неколку часови кога Извршниот комитет заседава. Бидејќи состојбата со економијата, ајде еве ако ја тргнеме политиката на страна која што е катастрофална е исто така апокалиптична. А доаѓа зима овие во владата се однесуваат како онаа народната со штурецот, за месец два започнува и учебната година доаѓа есента, потоа и зимските денови цените на енергенсите гледаме континуирано растат, не гледаме дека некој се занимава со тоа, не гледаме дека некој се занимава со обезбедување на резерви на пченица и слично така што сложена е состојбата и како државотворна политичка партија треба да излеземе со наша позиција по неколку прашања отворени“ нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања