Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време , вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhparun6lss652unJ5gS

Од СДСМ преку соопштение обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски веќе се подготвува за внесување на Бугарите во Уставот, посочувајќи дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија континуирано работи, без тоа да биде транспарентно соопштено во јавноста.

Реакцијата следува откако заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиско гостување изјави дека комисијата редовно одржува средби. Од СДСМ прашуваат зошто овие активности не се јавно комуницирани и што точно се договара на тие состаноци.

— реклама —

Според опозициската партија, најважното прашање за напредокот кон Европската Унија останува внесувањето на малцинствата во Уставот, вклучително и Бугарите, што, како што велат, е јасен услов од европските институции.

Од СДСМ посочуваат дека изјавите на Мицкоски за можен напредок во реформите до јуни, во комбинација со активностите на историската комисија, укажуваат дека Владата подготвува чекори кои досега јавно ги негирала.

— реклама —

Во соопштението се потсетува на претходните позиции на премиерот во однос на Преспанскиот договор, уставните измени и односите со Бугарија, при што се тврди дека актуелните случувања се спротивни на неговите поранешни изјави.

— реклама —

СДСМ повторува дека останува на ставот дека внесувањето на малцинствата во Уставот е неопходен чекор за продолжување на европскиот пат на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 7 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 11 час

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања