Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ преку соопштение реагира на најавите дека од денеска водата во Гостивар е технички исправна за употреба, поставувајќи прашање дали граѓаните можат да имаат доверба во институциите по случувањата изминативе денови.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека повеќе од 4.070 граѓани побарале медицинска помош, а само вчера биле регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, додека едно дете било хоспитализирано.

Според СДСМ, водата била загадена со фекалии, а институциите не реагирале навреме. Посочуваат дека првите симптоми кај граѓаните се појавиле на 14 јули, додека епидемија била прогласена дури на 19 јули.

— реклама —

Од партијата тврдат дека во тие пет дена јавноста не била навремено информирана, ниту биле преземени соодветни мерки, иако, како што велат, голем број граѓани завршиле во амбуланти и болници.

— реклама —

Во реакцијата се потсетува и на изјавата на министерот за здравство Сашо Клековски, кој потврди дека имало отстапувања во анализираните примероци, но според СДСМ, предупредувањето дошло предоцна.

„Ова не е технички пропуст, туку системски колапс. Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не станува збор за грешка, туку за однос кон граѓаните“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека одговорноста е јасна и прашуваат кога некој конечно ќе ја преземе, по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека од денеска техничката вода во Гостивар е безбедна за користење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања