Промени тема
Контакт

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
11032025_Mickoski_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

— реклама —
— реклама —

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

— реклама —

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања