Промени тема
Контакт

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси.“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните.

— реклама —

„Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока.

— реклама —

Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив.

Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение.

— реклама —

Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани.“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања