Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски: Во програмата 1198 планирани се 250 милиони евра за општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski27022024

При денешната посета на општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на платформа 1198 и дали се предвидени пари за општините истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините и 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните. Тоа е вкупно 1 милијарда евра во рамките на еден четиригодишен мандат и цениме дека на овој начин ќе покажеме дека сето она кое што е можеби испуштено повеќе од три децении ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат а на тој начин да дојдеме што е можно поблиску до граѓаните. Од овде од Гевгелија апелирам до сите градоначалници без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ или од другите политички партии да подготват проекти и таму некаде наесен кога очекуваме да биде јавниот повик да аплицираат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да практично одобри средства за реализирање на тие проекти во општините, ние не сме како владата на СДСМ и ДУИ ние сакаме да ја развиваме Македонија на целата територија на 26 илјади квадратни километри, секоја педа секој метар ни е важен, без разлика дали градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и во име на тоа ги повикувам сите градоначалници да подготват проекти, да аплицираат и заедно со тие градоначалници да ги реализираме тие проекти што се од интерес на граѓаните во цела Македонија“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1d3icgrc2le44zvQH9x

Мицкоски: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани

Македонија | пред 1 ден

media-library0jvsmiaaimke1rc0pnX

Мицкоски не прифаќа безусловни уставни измени: Ако граѓаните мислат дека сум погрешил, ќе заминам од политиката

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

Мицкоски: Ќе ја зајакнеме соработката со Интерпол во борбата против криминалот

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања