Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот потребно е да се изградат когенеративните гасни централи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-3

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.

„Што се однесува како Влада можам да се согласам со најголемиот дел од тезите кои што ги кажавте и можам да се согласам со тоа дека изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух. Но, исто така и во делот на средување на животната средина во која што живеат граѓаните, тука пред се мислам на организирано одлагање на отпад. Но, не само тоа, тука мислам на прочистување на отпадните води, тука мислам на обезбедување на питка вода за пиење за населението, организирани системи за одведување на отпадни води и кога целосно би се организирала државата тогаш можеме да заклучиме дека станува збор за навистина акутен проблем кој што е децении стар и преку ноќ не може да се реши.“

Премиерот Мицкоски посочи дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина.

„Како Влада преземаме драстични мерки во таа насока, посебно тука би сакал да го споменам проектот кој се однесува на финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти кои што би значеле токму ваков начин на обезбедување на поздрава животна средина, меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места, ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, а речиси и никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а да не зборам за нивен третман.“, вели тој и додаде:

— реклама —

„Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина. Исто така и организирани системи за одлагање на смет, тие се многу важни и многу значајни, бидејќи во државата би рекол имаме стотици или илјадници диви депонии кои за жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет.“

— реклама —

Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.

„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител е јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти кои што се уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти.“, истакна Мицкоски.

— реклама —

За решавање на овој проблем премиерот Мицкоски смета дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.

„Така што кога сето ова би се сумирало, можам да кажам дека ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, посебно во делот на обезбедување на централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти.“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 3 дена

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

media-library4vurusd1p6jad0zHUaH

Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања