Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски за реформа на јавната администрација: Време е за промени, потребна ни е ефикасна и посветена администрација, која ќе биде сервис на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dokument-administracija

Добар ден и ви благодарам за присуството на втората по ред седница на Советот за реформа на јавната администрација. Оваа седница е втора по ред од донесувањето на новата Стратегија за реформа на јавна администрација, а прва во овој состав“, нагласи денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во неговото обраќање на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација.

„Пред да започнам со дневниот ред сакам да истакнам неколку работи. Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени“, рече премиерот Мицкоски.

— реклама —

Претседателот на Владата Мицкоски исто така подвлече дека нема веќе седење дома и земање плати, и дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна.

„Можам да соопштам дека нема повеќе луѓе кои седат дома и земаат плата.

Се бориме за систем на заслуги наместо партиски влијанија.

— реклама —

Професионалната администрација подразбира дека вработувањата и унапредувањата се засноваат на знаење, вештини и резултати, а не на политички или лични врски. Воведување транспарентни критериуми за селекција, тестирање и континуирана евалуација ќе гарантира дека само најдобрите ќе бидат дел од институциите.

Континуирана обука и развој, светот се менува брзо, а со него и предизвиците во јавниот сектор. Затоа, нашите службеници мора постојано да се усовршуваат. Ќе обезбедиме програми за обука, размена на искуства со напредни администрации и воведување на најдобрите меѓународни практики.

— реклама —

Професионалец не е само оној којшто знае, туку и оној што работи одговорно и транспарентно. Ќе ја зајакнеме етичката свест и механизмите за отчетност на администрацијата кон граѓаните.

Дигитализација за поголема ефикасност е многу значајна. Современата јавна администрација мора да биде технолошки напредна. Ќе инвестираме во дигитални алатки кои ќе го намалат времето на обработка на барањата, ќе ги елиминираат непотребните чекори и ќе ја зголемат ефикасноста.

Квалитетната администрација бара мотивирани и задоволни службеници. Тоа значи подобри работни услови, фер плати и можности за напредување врз основа на реални заслуги“, рече тој.

— реклама —

На крајот премиерот Мицкоски нагласи дека јавната администрација е сервис за граѓаните и дека реформата мора да се спроведе ако сакаме европска држава.

„Ова не е промена што се случува преку ноќ, но е реформа што мора да ја спроведеме доколку сакаме модерна, европска држава. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не институција што ја кочи државата. Време е да создадеме систем во кој професионалците ќе ја движат администрацијата напред“, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања