Промени тема
Контакт

Михаилов: Не купувајте дрва од дрвокрадци, со тоа директно го поддржувате криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library88te1bs9al5f1Eh4ClZ

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, упати апел до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци по пониски цени, бидејќи на тој начин, како што посочува, директно го поддржуваат нелегалното уништување на шумите.

— реклама —

Михаилов вели дека зад нелегалната сеча често стојат организирани групи, кои во одредени случаи ги напаѓаат и вработените во „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција.

— реклама —

Тој посочува дека оние што ќе нападнат овластено службено лице треба да очекуваат сериозни последици, бидејќи станува збор за напад врз службено лице.

Михаилов признава дека има и случаи кога вработени во претпријатието биле поврзани со криминални структури.

— реклама —

„Сè уште има наши вработени за кои, за жал, утврдивме одредени конекции со криминалните структури. Онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка врз основа на доказите и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки“, рече Михаилов.

— реклама —

Покрај дрвокрадците, шумите секоја година се соочуваат и со проблемот со намерно предизвиканите пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88te1bs9al5f1Eh4ClZ

Пожарот кој беснее веќе десетина дена на Китка е тероризам, тврди Михаилов

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Командир фатен со камион украдени дрва, судот му ги вратил - Михаилов со остра реакција: Да возам ли и јас камион?

Коментари | пред 6 месеци

media-libraryq30itunirmdvcbegSpn

МВР одзеде возило на Плачковица во Радовиш

Македонија | пред 8 месеци

sar-planina-2

Се бара заштита на Шар Планина од пустошење, но таа не е под надлежност на Македонски шуми, вели заменик-директорот

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања