Промени тема
Контакт

Приведени директори и вработени во Национални шуми, одземени камиони и конфискувано дрво вредно 30.000 евра: „Правдата важи за сите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library8j9bpqbma51r9sUL9EJ

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информира дека во изминатите денови биле приведени директорот на подружницата „Бор“ во Прилеп и вработена во подружницата „Бабуна“ во Велес, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Михаилов посочува дека, според информациите од Министерството за внатрешни работи, постојат сериозни докази и индиции дека приведените се огрешиле пред законот.

— реклама —

Тој информира и дека пред неколку дена била поднесена кривична пријава против вработен во подружницата во Свети Николе, кој, како што наведува, бил директор во времето на претходната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ, како и против правно лице од Бузалково. Според Михаилов, пријавата се однесува на штета проценета на повеќе од 50.000 евра.

Дополнително, во изминатите седум дена биле одземени неколку камиони поврзани со лица што Михаилов ги нарекува „тендераши и дрвокрадци“. Тој наведува и дека од правно лице во Скопје биле конфискувани околу 400 кубни метри огревно дрво, со проценета вредност од околу 30.000 евра.

— реклама —

„Не знам кој и колку ме верува и разбира кога велам дека правдата важи за сите и дека нема големи и мали, наши и ваши. Едноставно е, секој кој се огрешил пред Законот ќе одговара!“, порачува Михаилов.

Објавата ја завршува со пораката: „Заврши времето КАКО ДО СЕГА...“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88te1bs9al5f1Eh4ClZ

Михаилов: Не купувајте дрва од дрвокрадци, со тоа директно го поддржувате криминалот

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library88te1bs9al5f1Eh4ClZ

Пожарот кој беснее веќе десетина дена на Китка е тероризам, тврди Михаилов

Македонија | пред 1 месец

292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Командир фатен со камион украдени дрва, судот му ги вратил - Михаилов со остра реакција: Да возам ли и јас камион?

Коментари | пред 6 месеци

media-libraryq30itunirmdvcbegSpn

МВР одзеде возило на Плачковица во Радовиш

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања