Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Командир фатен со камион украдени дрва, судот му ги вратил - Михаилов со остра реакција: Да возам ли и јас камион?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Заменик директорот на ЈП „Македонски Шуми“, Кире Михаилов, со остра реакција на социјалните мрежи ја критикуваше судската пресуда со која, по 500 дена, се враќаат камион и дрва одземени во случај поврзан со командир на шумска полиција.

„Командир на Шумска Полициска Станица фатен како вози камион со кој превезува дрва на територијата на неговата подружница!

500 дена после настанот, судот носи пресуда со која ги враќа камионот и дрвата!

Во пресудата е наведено дека државата ќе треба да плати милионска отштета за 500-те денови поради тоа што возилото и дрвата биле "незаконски" одземени!

АЈДЕ МАЈКАТА!!!

Па дете од 10 години ќе ја разбере приказнава, не мора да се трудиме да ја објаснуваме!

Сега после ваква пресуда, сметам дека легитимно е да ги прашам граѓаните дали е попаметно и јас да се качам на камион и да си возам дрва место да се правам будала низ целата држава борејќи се со целиот систем?

Легитимно е да прашам некои од судиите дали јас како Директор во ЈП "Македонски Шуми" е подобро да возам камион со дрва, да си правам дополнителен приход, да бидам мирен, смирен и финансиски многу подобар наместо ова што го работам без ниту една дневница плус, без ниту еден денар дополнителен приход?

Па поради тоа кое јас лично го работам, во очите на секој од тие криминалци од шумската мафија сум крвен непријател кој кога тогаш ќе сакаат да му се осветат?

И како всушност да се бориме со тој скоро целосно метастазиран криминален систем?

Со кого?!?

Против кого?!?

Како да се бориме, а?!?!?

Системот во оваа држава треба да им служи на граѓаните, а не на интересите на поединци заради остварување на нивни лични интереси!

И да, ова не е првоаприлска шега туку вистината за трулиот, невидено криминално метастазиран систем поради кој МАКЕДОНИЈА плати невидена, немерливо висока цена!“, вели Михаилов.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq30itunirmdvcbegSpn

МВР одзеде возило на Плачковица во Радовиш

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
sar-planina-2

Се бара заштита на Шар Планина од пустошење, но таа не е под надлежност на Македонски шуми, вели заменик-директорот

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-03-180237

(Видео) Национални шуми: Повторно нови пожари, во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро

Македонија | пред 9 месеци

Kire-Mihailov

Михаилов заминува на одмор, неколку дена ќе „паузира“: „Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања