Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Милошоски не остана должен, одговори на острата реакција на кинеската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговори на острата реакција на амбасадата на НР Кина во Македонија поради негова средба со претставници од Тајван.

— реклама —

Ова е одговорот на Милошоски:

— реклама —

Прво, официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. Уверен сум дека заедничките проекти и соработката во сите области ќе продолжат со несмален интензитет, од кои двете држави како рамноправни партнери ќе имаат взаемна корист.

— реклама —

Второ, избраните претставници во Собранието на Р. Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, водејќи се од духот на отворена размена на мислења за релевантни меѓународни теми. Средбата со претставниците од Канцеларијата Официјален Тајпеј во Рим беше остварена како љубезна куртоазна средба, без никаков дипломатски предзнак и без никаква намера да се редефинираат односите или официјалната политика на Македонија кон НР Кина. Напротив, средбата беше во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија и како можност за мирољубив и информативен дијалог. На средбата учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.

— реклама —

И на крајот, различните мислења и ставови се нормална и очекувана појава во секое демократско општество. Верувам дека и претставниците на НР Кина ќе ја разберат оваа средба како можност за поголема информираност и за подобро разбирање на теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6kd50vatmg696mjwntR

Милошоски: Блокадата од СДС на Изборниот законик не е оправдана, опозицијата е отсутна од реформските дебати

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library7tino8h7lt072n6cQZ2

Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет

Македонија | пред 3 седмици

media-library5j791rjd0ptj6oSyPHO

„Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут“, вели Милошоски

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl1jnkt7kc5as6p1VDBt

Милошоски со обвинувања за обвинителката Коларевиќ и предметот за мазут од 167 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања