Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8n3drqj871anbdvvrHA

Министерството за дигитална трансформација и Emirates Investment Group потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се поставува рамка за соработка во развојот и меѓународната промоција на иницијативата за Дигитален иновациски хаб.

— реклама —

Меморандумот го потпишаа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на Бордот на Emirates Investment Group, д-р Хамад Ал Шамси.

— реклама —

Со договорот е предвидена соработка во подготовката на стратешки и инвестициски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со добрите практики од Обединетите Арапски Емирати и меѓународните стандарди, како и активности за привлекување странски инвеститори, стратешки партнери и технолошки компании.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека преку ова партнерство ќе се работи на зголемување на меѓународната видливост на земјата во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и современите технологии.

Според Министерството, соработката претставува чекор кон зајакнување на домашниот дигитален екосистем, отворање нови партнерства и создавање услови за проекти што можат да придонесат за економскиот развој и подобро позиционирање на државата во глобалниот технолошки сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylrh4gqrcul18a7fxSfF

Владините веб-страници заштитени од критичните пропусти во PHP

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 3 седмици

media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Нов Центар за услуги во Кочани: Граѓаните ќе добиваат електронски услуги на едно место

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања