Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Бугарскиот премиер Румен Радев оцени дека изборите испратиле „многу тревожен сигнал за целото општество“, посочувајќи ја ниската излезност и обвинувајќи неколку политички партии дека придонеле за недовербата во изборниот процес, пренесува БГНЕС.

— реклама —

Говорејќи пред новинарите по отворањето на седмото издание на Софискиот економски форум, Радев ги обвини коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Движењето за права и слободи (ДПС) и ГЕРБ дека со измените на Уставот и создавањето впечаток дека исходот е однапред познат, ги демотивирале граѓаните да гласаат.

— реклама —

„Други поверуваа дека победата е однапред решена и едноставно не излегоа да гласаат. Немаше доволна мобилизација“, изјави Радев, додавајќи дека претседателските избори за приврзаниците на политичката „сглобка“ претставуваат битка за опстанок.

Тој го обвини и Андреј Ѓуров дека застанал во одбрана на Делјан Пеевски за време на апсењата на градоначалници од ДПС во текот на изминатата недела.

— реклама —

Радев очекува политичката ситуација да се промени во вториот круг од претседателските избори, кој ќе се одржи в недела. Тој ја претстави трката како избор меѓу мирот и војната, демократијата и корупцијата.

На прашањето на кои гласови ќе смета Илијана Јотова во вториот круг, Радев одговори дека претседателските избори не треба да се мешаат со парламентарните. Според него, дел од гласачите се опуштиле поради прогнозите за изборниот исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 2 дена

media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 2 дена

media-librarym8dkaocv9enf6JfDNlq

Убиен познат бугарски бизнисмен и поранешен европратеник – Слави Бинев застрелан во Софија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања