Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-04-27-at-13.45.29

„Денеска сме тука во Ѓорче Петров во Стопански Двор каде што позади мене ова место набрзо ќе започне изградба на градинка и навистина ми е драго и со огромна чест и задоволство можам да најавам јас заедно со Бојан дека за кратко започнува новата градинка во Ѓорче Петров. Онаа градинка каде што јас и Бојан како пратеници во Собранието поднесовме амандмани и ни беа прифатени од владата и Александар Стојкоски како градоначалник ги започна сите постапки и веќе наскоро ќе потпише договор за да се гради таа градинка во Ѓорче Петров“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:

— реклама —

Ние како нова влада ветуваме дека сите дечиња ќе ги запишеме во градинките, дека сите дечиња ќе добијат учебник. И затоа ова ветување ни е многу важно за да се започнат сите градинки со изградба. И навистина во Ѓорче Петров имаше голем проблем изминативе години со запишување на дечиња, со нови градинки и така натаму.

Но со одличната работа на Александар и неговиот тим може да видиме дека листата е намалена, со отворање на нови градинки, со нови реконструкции, со нови можности и адаптација дека многу дечиња се згрижија. Но со оваа градинка тука во Стопански Двор навистина е полн погодок и уште еднаш ми е драго што јас и Бојан навистина поднесувавме стотици и стотици амандмани, но овој беше прифатен и околу 60 милиони денари токму тука во Стопански Двор за брзо ќе започне нова градинка во Ѓорче Петров.

— реклама —

Аирлија нека се сите овие проекти. Може да видиме дека во Ѓорче Петров насекаде е раздвижено, се градат нови улици и тука во Стопански Двор, се градат нови улици во Кисела Јабука, се гради во урбаниот дел, се градат нови спортски терени. Вака се сака Ѓорче Петров, вака се сака Македонија. Но за да има уште повеќе проекти и за победува Македонија сите масовно на 8 ми мај да ставиме печат, да ставиме печат на победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија и после тоа владата да ги засука ракавите и уште повеќе проекти да има за сите луѓе во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања