Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Цели 5 години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, 5 години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска!“, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение!

И тука не запираат сомнителните тенденциозни набавки! Знаејќи дека наскоро ќе бидат опозиција, ДУИ и СДС решаваат да направат уште една јавна набавка, повторно за дигитални учебници, но овој пат за непостоечки учебници. Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак тоа не ги спречува да предвидат милионски суми за дигитални верзии на непостоечките учебници. Сето тоа е предвидено во јавна набавка не за една, туку за наредните три години!

— реклама —

Почитувани,

МОН треба да одговори дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или овој пат тоа планираат да го сторат со исто така друга добро позната фирма на која своевремено и доделија фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?

Затоа почитувани време е за промени, а одговорност ќе мора да има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања