Промени тема
Контакт

Митева: Од 12 објекти со лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови да работат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Fabric

„Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите што сте присутни тука. Денеска одлучивме да имаме заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, господинот Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева и додава:

Ќе ја започнам оваа прес-конференција со информации коишто се актуелни и има промени од претходната вчерашна изјава којашто е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.

Во моменти како овие, зборови не се доволни - но постапките мора да бидат.

— реклама —

Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската контрола на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.

— реклама —

Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни:

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени. На терен во секој момент овие денови се над 10 тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Ќе се проверат сите, до детал. Сакам да ја информирам и јавноста дека е направен и план и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

— реклама —

Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија - тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција. Ниту ќе замижуваме, ниту ќе заштитуваме. Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустрацијата. Луѓето бараат правда и ќе ја добијат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања